Автошкола
Пријавување на кандидати за обука за полагање за возачка дозвола
Кандидатите кои сакаат да посетуваат обука за полагање за возачка дозвола треба:
- Да имаат 18 години или 17 и пол години со потпишана согласност од родител
- Да имаат лична карта
- Да имаат лекарско уверение за полагање за возачка дозвола (се вади со помош на нашите инструктори)
Полагање на возач инструктор за категориите: А, Б, Ц, Д и Е
Право на полагање на испити за возач инструктор има секое полнолетно лице со навршени 23 години старост, со завршено најмалку средно образование и положен возачки испит за соодветната категорија со поминати најмалку 3 (три) години од издавањето на истата.
Критериуми за упис (возач инструктор – специјалист)
Вкупно кредити: 60. Времетраење: 1 година. Се запишуваат кандидати:
- со завршено образование од IV ниво од Националната рамка на квалификации (НРК), соодветна квалификација од:
- сообраќајна струка: техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за логистика во сообраќајот или техничар за логистика и осигурување;
- машинска струка: техничар за моторни возила, техничар за возила на алтернативен погон, автотехничар – мехатроничар;
- со завршено образование од III ниво од НРК, соодветна квалификација од:
- сообраќајна струка: ракувач со машини за пренос на материјал;
- машинска струка: автомеханичар, каросериски механичар, монтер на мотори и моторни возила;
- електротехничка струка: автоелектроничар;
- со завршено гимназиско образование со IV ниво од НРК, или соодветни квалификации, кои имаат соодветно работно искуство од 5 (пет) години како возач за категоријата за која полагаат, со навршени 23 години возраст.
Специфичните категории и соодветните услови за упис на кандидати кои припаѓаат на наведените групи се одредуваат согласно Концепцијата за постсредно образование и програмите за учење/обука.
Наставен план за специјалистичко образование
Струка/сектор: Сообраќајна / Сообраќај, транспорт и складирање. Образовен профил/квалификација: Возач инструктор – специјалист.
| Код | Назив на предмет |
|---|---|
| I. Општо образовно подрачје (10%) | |
| П1 | Педагогија и андрагогија |
| П2 | Организација на работењето со примена на ИТ технологија |
| II. Стручно-теоретско подрачје (20%) | |
| П1 | Сообраќајна психологија |
| П2 | Моторни возила |
| III-А. Задолжително посебно-стручно подрачје (30%) | |
| П1 | Педагошко водење и инструирање |
| П2 | Прописи за безбедност во патниот сообраќај |
| П3 | Безбедност во патниот сообраќај |
| IV. Специјалистичка пракса (30%) | |
| Методика на обуката за возење | |
| Вкупно задолжителни модули | |
| III-Б. Изборно посебно-стручно подрачје (10%) – се избира 1 (еден) модул или предмет | |
| П1 | Деловна комуникација |
| П2 | Етика во сообраќајот |
| П3 | Англиски јазик |
| Вкупно за квалификацијата | |
Потребни документи
Документите се достапни кај секретарот на училиштето.
Висината на надоместоците за полагање испит за возач инструктор
Одлука бр. 09-281/1 од 07.04.2025 год., Струмица
Врз основа на член 74 од Статутот на Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ Струмица, Училишниот одбор донесе одлука за одредување на надоместоците за полагање на специјалистички испит за возач инструктор.
Член 1 — категорија „Б“
| Ставка | Износ |
|---|---|
| Уписнина | 10.000,00 ден. |
| Педагогија и андрагогија | 1.000,00 ден. |
| Организација на работењето со примена на ИТ технологија | 1.000,00 ден. |
| Сообраќајна психологија | 1.000,00 ден. |
| Моторни возила | 1.000,00 ден. |
| Прописи за безбедност во патниот сообраќај | 1.000,00 ден. |
| Изборен предмет | 1.000,00 ден. |
| Педагошко водење и инструирање | 2.000,00 ден. |
| Методика на обуката за возење | 2.000,00 ден. |
| Користење возило и полигон од училиштето | 1.000,00 ден. по предмет |
| Завршен испит | 6.000,00 ден. |
Член 2 — категории „Ц“ и „Д“
| Ставка | Износ |
|---|---|
| Уписнина | 5.000,00 ден. |
| Прописи за безбедност во патниот сообраќај | 1.000,00 ден. |
| Педагошко водење и инструирање | 2.000,00 ден. |
| Методика на обуката за возење | 2.000,00 ден. |
| Завршен испит | 6.000,00 ден. |
Член 3 — категории „А“ и „Ц+Е“
| Ставка | Износ |
|---|---|
| Уписнина | 5.000,00 ден. |
| Педагошко водење и инструирање | 2.000,00 ден. |
| Методика на обуката за возење | 2.000,00 ден. |
| Завршен испит | 6.000,00 ден. |
Сесија за полагање испити за возач инструктор има секој месец освен за време на зимскиот и летниот распуст (јануари и јули) и тоа секој последен петок во тековниот месец.