Образование за возрасни

Постсредно – специјалистичко образование

ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица нуди можност за продолжување на образованието преку постсредно – специјалистичко образование.

Во овој момент се реализираат две специјалистички занимања:

  • Компјутерски администратор – специјалист
  • Возач инструктор – специјалист

Програмите овозможуваат стекнување дополнителни стручни знаења, практични вештини и професионални компетенции, како и унапредување на можностите за вработување и кариерен развој.

Образование на возрасни

ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица е верификуван спроведувач на посебни програми за образование на возрасните.

Во моментов, училиштето ја нуди Програмата за образование на возрасните „Бравар“, наменета за стекнување стручни знаења и практични вештини за успешно извршување на работните задачи во ова занимање.

Валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење

ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица е акредитиран понудувач на услуги за валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење (ВНОИУ).

Во моментов, училиштето спроведува валидација за следните профили:

  • Електричар
  • Автоелектричар
  • Инсталатер за греење и климатизација
  • Инсталатер на цевководи
  • Машински механичар
  • Автомеханичар
  • Поставувач на подови и плочки
  • Ѕидар – фасадер
  • Монтер на сува градба
  • Администратор на веб страница

Со процесот на валидација, стекнатите знаења, вештини и компетенции преку неформално образование и работно или животно искуство се препознаваат и вреднуваат во согласност со утврдените стандарди.

Кому е наменета валидацијата и како се одвива?

Имате работно искуство и знаете да работите одредена работа, но немате формална квалификација? Валидацијата ви овозможува вашето знаење и искуство да бидат проверени и официјално потврдени.

Постапката е наменета за возрасни лица кои стекнале знаења и вештини преку работа, практично искуство, обуки, курсеви или самостојно учење.

Како се одвива?

  1. Се пријавувате за занимањето за кое сакате да ги потврдите вашите знаења и вештини.
  2. Го приложувате вашето искуство и докази – доколку ги имате, како потврди за работно искуство, сертификати, препораки и друга документација.
  3. Вашите знаења и практични вештини се проверуваат преку соодветна постапка.
  4. Доколку ги исполнувате потребните услови, ги потврдувате вашите компетенции и добивате соодветен документ.

Не учите повторно нешто што веќе го знаете и умеете – туку го потврдувате вашето стекнато знаење и искуство.